МАШИНИ ЗА ПАЛЕТИ
Машина за монтажа на надградби за палети NZN-200

Полуавтоматската машина за монтажа на шарки служи за монтажа на шарки на поединечни елементи од преклопливи надградби за палети.
Машината се состои од лежиште со водилки и отвори со клик-механизам (заглавување) за прилагодување на должината на даската. На него се наоѓаат една фиксна и една подвижна единица. Нивната работа е поврзана само преку управувањето, без механички врски. Покрај нив е сместен хидрауличниот агрегат. Работната единица се состои од магацин за даски, транспортер за даски, дупчалка со стеги, додавач за нитни со склоп за нивно втиснување, модул за завртување (превртување) на даските, како и хидраулична преса за заковување на нитните со претходно рачно поставени окови.
Карактеристики :
– магацин (половина),
– дупчалка со стеги,
– вибрационен додавач + манипулатор за нитни + склоп за втиснување,
– преса,
– транспортер за даски,
ВЛЕЗЕН МАТЕРИЈАЛ
Даски: рендани/просушени (макс. 18% влажност), форматирани на должина со точност од (+0/-1,5 мм), едноделни. Половини од шарки со едно исто растојание меѓу нитните. Нитни – челични мат или поцинкувани со отвор во стеблото, негрупирани (во рефус сосотојба).
Производ
Елементи на надградбата – димензии (се однесува на дрвениот дел): B=200 мм, L=600……..2600 мм (без димензијата од 400 мм). Нитните се затвораат со директно пресување без осцилирачки движења (нишање) или валање.
РАБОТНА ЗАДАЧА
Дупчење, втиснување на нитните, поставување на лимовите (шарките), заковување на нитните.
ПРИНЦИП НА РАБОТА
Операторот го полни магацинот со даски. Влекачот (лизгачот) ја извлекува даската од купот и ја позиционира во дупчалката. Горните дупчалки прават по 4 отвори со остатоците од дупчењето (струготините) свртени надолу. По дупчењето, даската преминува во зоната за монтажа. Од два вибрациони додавачи, нитните се издаваат во групи по четири. Низ цевки тие циклично паѓаат во држачот со главата свртена кон зоната за монтажа. Таму се прифаќаат и се превртуваат со стеблото на нитната нагоре. Двете раце на манипулаторот ги позиционираат под отворите во даската. Лизгачот ги втиснува во даската сè додека главите на нитните не се припијат до неа. При оваа операција, нитните ги отсекуваат остатоците од дупчењето за да влезат точно во отворите. Операторот поставува 2 окови (шарки) на даските, навлекувајќи ги врз испакнатите нитни. Го активира циклусот за заковување. Двата комплети матрици (поансони) се поставуваат над нитните (со осцилирачко движење). Двете преси ги заковуваат нитните, стегите го ослободуваат предметот, матриците се повлекуваат, а даската останува на вилушките. Операторот ја одлага на купот.
ОПШТ ОПИС НА МАШИНАТА
Постоље со водилки и отвори со механизми за забравување (заскоци) за подесување на должината на даската. На него се наоѓаат фиксна единица и
подвижна единица. Нивните активности се поврзани единствено преку управувањето. Нема механички врски. Покрај нив е сместен хидрауличниот агрегат.
ВНИМАНИЕ!!!
Набавката на алати е обврска на купувачот.














