LINIE
Економична линија за должинско спојување на дрво FC-10MLKT+HK6

Сетот за изработка на споеви со мини-запци (микро-споеви) во малосериско производство (економична). Опслужување од страна на 2 лица.
Чепарка FC-10MLKT, е наменета за обработка на дрво и материјали на база на дрво. Служи за изработка на запци, чепови, мини-запци (микро-споеви) и други форми на краевите од фризови, летви, паркети и сл.
Пресата е наменета за должинско спојување на претходно глодани и премачкани со лепак летви, даски и сл. Влезниот материјал се состои од елементи од пилено или рендано дрво, чии челни страни се подготвени за спојување, на пр. во форма на мини-запци.
Карактеристики :
– највисока продуктивност во оваа класа на машини,
– интуитивно ракување со пресата,
– хидраулична преса со функционални карактеристики на индустриски преси,
– ротација на пакетот на ротирачка маса (спојување на стандарден мини-забец) или превртување на пакетот од задната страна при спојување со рамен спој (на црта),
Чепарка
| Податоци | Вредности |
|---|---|
| Вретено | fi 50x190 |
| Максимална висина на глодање | 120 mm |
| Алат | fi 160 |
| Ширина на ленточниот транспортер во масата | 510 mm |
| Можност за примена на претсекачи | при спојување со рамен спој („на црта“) |
ПРЕСА FC-10HK6
| Податоци | Вредности |
|---|---|
| Сила на притисок | 10T |
| Максимална ширина, висина | 120 mm , 60 mm |
| Работна должина | 6 m (друга по барање) |
| Број на циклуси | просечно 1 циклус/мин |
| Капацитет | до 2 циклуси/мин |
ВНИМАНИЕ!!!
Набавката на алати е обврска на купувачот.















